јануари 23, 2023

Охрид, 23. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина – Пелагониски и Југозападен регион, Канцеларија Охрид, во четвртокот, на 19-ти јануари 2023 година изврши вонреден инспекциски надзор на локација кај поранешниот ресторан „Парк“, во месноста „Горица“ – Охрид.

Надзорот е извршен по претходна пријава од граѓани дека на локацијата кај поранешниот ресторан „Парк“ има градежни активности и дека од бетонирање на стопи се излива бетон во Охридското Езеро.

– При увидот е константирано дека локацијата е оградена целосно со тараби високи над три метри. На локацијата има порта и врата кои се заклучени со катинар. Од надворешниот дел не се гледа за какви активности се работи во внатрешниот дел. Не се слуша дека некој внатре работи. На локацијата нема градежни активности во моментот на увидот. Изготвен е Записник за констатација, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Додаваат дека во петок, на 20-ти јануари 2023 година е повторно извршен вонреден инспекциски надзор на локацијата кај поранешниот ресторан „Парк“, кај правниот субјект ТДПТУ „Ремис“ Охрид ДОО, на улица „Партизанска“ бр.1 во Охрид.

– При увидот во внатрешноста на локацијата која е оградена е константирано дека на локацијата се започнати градежни работи, односно ископ за постапување на темели. Од дното на ископот се испумпуваше подземна вода која се вливаше во таложник и од него преку канал се влива во Охридското Езеро. На локацијата на неколку места имаше искипано сива глина од ископот за поставување на темели. На лице место немаше градежни активности. Локацијата беше заградена со тараби високи околу 3 метри.
При увидот беше приложен Елаборат за заштита на животната средина за изведба на објект од Класа Б3 со Компатабилни класи на намена А3, А4, Б4, Б3 и Д3 – Охрид за што има добиено Решение бр. 11-4268/4 од 23-ти април 2010 година од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина.
Во Елаборатот за заштита на животната средина во точка 6.1.2 Емисии во води и канализација опишано е дека отпадните води од ископот можат да бидат загадени само со механички примеси од земја и песок кои по таложењето го добиваат квалитетот на езерската вода и преку таложник се испуштаат во езерото. При увидот беше приложен и Елаборат за заштита на животната средина за основен проект за измени во тек на градба за ресторан/хотел на ГП 1.1 во КО Охрид 4 на дел од КП.бр.5972/3, 5972/27 и 5971/3 во КО Охрид 4, со катност По+Пр+3 ката + Пк од „Ремис“ Охрид ДООЕЛ изработен во февруари 2022 година. Доставен на одобрување на 17-ти февруари 2022 година со Уп1 11-4312/2022 година, стои во информацијата од Државниот инспекторат за животна средина. (Крај)

извор: ДИЖС фото: ДИЖС

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука