февруари 17, 2015

Атина, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Еврогрупата и даде на Грција рок од пет дена да побара продолжување на програмата за помош на нејзиниот финансиски систем.

Засега новата влада категорично одбива.

Во пракса тоа е ултиматум на грчката страна по седницата во Брисел на министрите за финансии на земјите од зоната на единствената европска валута, забележуваат агенциите. На седницата грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис го отфрлил предлогот на партнерите за продолжување на дејството на спасувачката програма. Грција претпочита запирање на оваа програма и заменување со шема за привремено финансирање. (Крај)

извор: БГнес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука