август 25, 2017

Каиро, 25. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека археолози пронашле гробови стари над 2.000 години југозападно од Каиро.

Археаолошката мисија во близина на оазата Дакла открила низа артефакти, вклучувајќи остатоци од погребни маски, комплет од керамички садови и горелки од глина.

Пронајдени се и плочки испишани со хиероглифи, од видот на курзивното писмо на древните Егиќани.

Гробовите, вклучувајќи една пирамидална форма, а другиот со куполна таваница, се изградени од кал и содржат неколку погребни простории. (Крај)

извор: Курир фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука