март 4, 2020

Рим, 4. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Италија Џузепе Конте наредил да запрат сите спортски манифестации до крајот на месецот поради ширењето на коронавирусот.

Од вирусот во последните 24 часа во Италија починале 27 лица, со што бројката на починати се искачи на 79 луѓе.

Изминатите три недели во Италија е најголемото жариште на коронавирусот во Европа. Поради вирусот некои спортски натпревари се играа без присуство на публика.

„30 дена треба да се избегнуваат спортските настани и настаните на кои можат да се соберат голем број на луѓе. Тоа е еден од предлозите што научната комисија му ги дала на премиерот Конте. Овој предлог би можел да биде уфрлен во декретот што беше донесен на 1 март“, пишува агенцијата АНСА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука