Охрид, 9. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно од повредените лица во синоќешната тешка сообраќајна незгода, која се случи кај Крушје, поради сериозноста на повредите е пренесено на Клиника во Скопје.
Неофицијално станува збор за лице од охридското село Мешеишта.
Три лица беа тешко повредени откако синоќа два автомобили се судрија на патот Ресен – Охрид во близина на месноста Крушје. Останатите патници се здобиле со полесни повреди. Сите повредени се пренесени со Итна помош во охридската болница „Св. Еразмо“.
Според информации од полицијата еден од автомобилите во несреќата која се случила нешто по 20:00 часот, бил со охридски регистарски таблички, а другиот со вевчански. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива