февруари 4, 2022

Охрид, 4. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – После една недела езерското ниво покачено за еден сантиметар, но и понатаму е далеку од февруарскиот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,34 м.н.в, што е за 15 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 24 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 5,5 степени, за степен пониска од месечниот просек.

Нема опис за фотографијата.

Метеоролозите најавуваат повисоки дневни температури што ќе доведат до топење на снегот и покачување на езерскиот водостој.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.

– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер. Влажен бран со врнежи на повеќе места се очекува во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука