ноември 16, 2021

Охрид, 16. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Матурантката Екатерина Бочвароска, ученичка во охидската гимназија „Св. Климент Охридски“, ја освои првата награда на 54-те Детски Рацинови средби во Велес. 

Нејзината песна „Детските сништа во мугрите“ беше првонаградена, а Екатерина работеше под менторство на Емилија Карафилоска, лектор и професор по македонски јазик и литература.

Нема достапен опис

Наградата ја освои во конкуренција на 115 поетски творби, распределени во три категории. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука