јануари 28, 2017

Лондон, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најбрзиот октански спорт Формула 1 во пресрет на новата сезона остана со еден тим помалку, откако екипата на Менор реши да се повлече од натпреварувањето.

Менор во Ф1 досега освои само два бода, а минатата сезона ја заврши на последното место во конкуренција на конструктори, поради што остана без наградниот фонд, а сопственикот откако не успеа да најде купувач за тимот,прогласи стечај.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне со трката за Големата награда на Австралија на 26.март. (Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука