Охрид, 12. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти денеска се одиграа зонските натпревари во ракомет за средни училишта.
Во финалето се сретнаа екипите на ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид и ОСУ „Мирко Милески“ од Кичево.
– Во фер и коректен натпревар, победата ја заслужи екипата на охридската Гимназија со резултат 25:20, со што се пласира на регионалните натпревари. Честитки за сите учесници на зонските натпревари, информира професорот Наум Јамандиев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1