февруари 23, 2015

Охрид/Велес, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Велосипедската Федерација на Македонија, на 19-ти овој месец, со задоцнување, се одржа манифестацијата Најдобар Велосипедист 2014, при што беа доделени трофеите, пехарите, признанија и дипломи на велосипедистите според севкупниот успех за изминатата сезона и рангирањето според дисциплини и категории.

– Одличната подготвеност на велосипедистите од Екодром изминатата сезона, уште еднаш само се потврди со високо постигнатите резултати и освоени севкупно 8 одличја, велат од велосипедскиот клуб Екодром.

Во планински велосипедизам, велосипедскиот клуб Екодром, освои златен Трофеј за освоено екипно прво место според ранг листата, редоследно трета година – Шампион во Планински велосипедизам.

Велосипедистот Јован Јованоски, во категорија Јуниори, освои златен Шампионски Пехар за освоено прво место, редоследно четврта година.

Петар Упевчески во категорија Јуниори, освои сребро и второ место според ранг листа, а е Вицешампион редоследно втора година.

Новица Велјаноски во категорија Кадети, освои златен Шампионски Пехар за освоено прво место, редоследно втора година.

Во Друмски велосипедизам Екодром освои бронза за екипно трето место според ранг листата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука