јануари 27, 2017

Скопје/Охрид, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ Скопје, бараат средба со претставници на локалната самоуправа од Охрид со цел, како што велат, да се отвори соработка за изнаоѓање на решенија за одржлив развој на Охрид.

Минатата година „Еко свест“ имаше средби со граѓански иницијативи, домашни и странски експерти.

– Се надеваме на средба и изнаоѓање на решенија за развој на овој регион од исклучително природно и туристичко значење, кои ќе бидат прифатливи и исплатливи за сите засегнати страни, велат од „Еко свест“.

Активистите потсетуваат на едно од решенијата кои ги даде проф. Д-р Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, во однос на одржливиот транспорт во Националниот парк Галичица. Според професорот, треба да се примени модел за еколошка одржливост, кој ќе ги задржи туристите на територијата на националниот парк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Еко Свест

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука