јануари 31, 2015

Охрид, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) Вчера беше последниот ден од тестирањето на учениците од завршните години (трета и четврта) во средно образование.

Од Државниот испитен центар и Министерството за образование и наука информираат дека согласно акцискиот план и дефинираната динамика, процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците во Охрид се спроведе целосно.

Охридските ученици од завршните години полагаа во неколку групи од 26-ти до 30-ти јануари. Резултатите ќе бидат објавени на 2-ри февруари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука