февруари 19, 2015

Бостон, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Околу 115 милиони луѓе во областите на 27 држави во САД мора да се справуваат со ниските температури кои ќе траат до крајот на неделава.

Од канадската граница до Мексиканскиот Залив температурата е за 10 степени пониска од нормалната за оваа сезона. Водите во Заливот на Бостон се замрзнати.

Во голем број области на земјата наставата е откажана.

Студот дури се чувствува и во Флорида, каде што температурата падна до 5 степени, што е ретко за овој период од годината.

Во Минеаполис температурите паднаа до -26 степени, а во Чикаго до минус 23 степени. Во Њујорк пак термометрите неколку дена се на -8 степени. (Крај)

извор: CNN фото: CNN

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука