април 18, 2018

Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Емилија Николовска, ученичка во VII одделение во ОУ „Григор Прличев“ од Охрид постигна забележителен успех на меѓународен натпревар по англиски јазик.

– Таа се пласираше во финалето на Интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders – Hippo 2018. Заедно со својата наставничка, менторот Билјана Маркоска, Емилија ќе учествува во финалниот круг на ова натпреварување кое ќе се одржи во Италија на 12-ти и 13-ти мај, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука