јануари 15, 2017

Истанбул, 15. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Турските медиуми јавуваат дека канаѓанецот Ентони Бенет, кој во 2013 година беше прв пик на драфтот во НБА лигата, го засили турскиот шампион Фенербахче.

Бенет потпишал договор до крајот на сезоната, со опција соработката да биде продолжена.Тој најдобро игра позициите ниско и високо крило, а иако стручњаците му прогнозираа успешна НБА кариера тој не се снајде во најсилното првенство во светот.

Во НБА лигата тој настапуваше за Кливленд,Минесота,Торонто и Бруклин. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука