декември 24, 2019

Истанбул, 24. декември (ОХРИДПРЕС) – Ердоган во обраќањето на церемонијата на затворањето на манифестацијата „Година на професорото Фуат Сезгин“ во комплексот на Истанбулскиот аеродром кажа дека во петок ќе биде свечено претставен првиот автомобил од турско производство.

Како што јавува агенцијата Анадолу, турскиот претседател кажа дека Турција во изминатите 17 години спровела значајни реформи во сите области, а особено во образованието и дека сите тие реформи сега даваат плодови и ја враќаат Турција на местото кое ѝ припаѓа на меѓународната сцена.

Тој истакна дека токму Аеродромот Истанбул е еден од примерите на мегапроектите кои многумина се обиделе да ги блокираат во Турција.

„Одбранбената индустрија стана локомотива за развојот на науката и технологијата во Турција. Вчера присуствуваме на свеченото спуштање во вода на првата од вкупно шест подморници на турската воена морнарица“, кажа Ердоган.

„Станавме земја која истовремено работи на 700 проекти во одбранбената индустрија и една сме од четирите најразвиени земји кога станува збор за технологијата на изработка на беспилотни летала. Голема заслуга има и приватниот сектор кој дава голем придонес. Во петок ќе го претставиме и првиот автомобил од турско производство“, најави турскиот претседател. (Крај)

извор: МКД фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука