јуни 22, 2018

Брисел, 22. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД врз челик и алуминиум денеска стапија во  сила.

Царини се воведуваат за челикот, земјоделски и други производи, вклучувајќи ги и бурбонот, путер од кикирики, брусница и сок од портокал.

Европските царини генерално ќе бидат од околу 25 отсто. Списокот на производи претходно беше поднесен за проверка до Светската трговска организација.

– Унилатералната и неоправдана одлука на САД не ни остава друг избор. Правилата на меѓународната трговија не може да се нарушуваат без реакција од наша страна, изјави вчера  еврокомесарка за трговија Сесилија Малстром. (Крај)

извор: 24 вести фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука