февруари 21, 2023

Во утробата на мајката биле две бебиња. Едното го прашало другото:

– Дали веруваш во живот по породувањето?

Другото одговорило:

– Јасно е. Мора да има нешто после породувањето. Можеби ние сме тука да се подготвиме за она што доаѓа подоцна.
– Глупости, рекло првото.
– Каков живот би бил тоа?

Другото рече:

– Не знам, но ќе има повеќе светлина отколку овде. Можеби ќе можеме да одиме со свои нозе и да јадеме со устата. Можеби имаме други сетила кои не можеме да ги разбереме во моментов.

Првото одговорило:

– Тоа се глупости. Папочната врвца ни обезбедува храна и се’ друго што ни е потребно. Папочната врвца е многу кратка. Не верувам дека има такво нешто како живот после породувањето.

Другото бебе инсистирало:

– Па, мислам дека има нешто и можеби е поинаку од ова овде. Можеби повеќе нема да ни треба оваа врвца.

Првото бебе одговори:

– Глупости, а освен тоа, ако навистина постои живот после породувањето, тогаш зошто никој никогаш не се вратил од таму?

– Па не знам, рекло другото бебе, но сигурно ќе ја најдеме мама и таа ќе се грижи за нас.

Првото бебе одговорило:

– Мама? Дали навистина веруваш во мама? Ова е смешно. Ако постои мајка, каде е таа сега?

Второто бебе продолжило:

– Таа е насекаде околу нас. Ние сме опкружени со неа. Ние сме нејзини. Ова е местото каде што живееме. Без неа овој свет не би можел да постои.

Првото бебе било децидно:

– Па не можам да ја видам, па логично е да не постои.

Неговото братче му кажало:

– Понекогаш кога молчиме, ако се сконцентрираме и навистина слушаме, можеме да го почувствуваме нејзиното присуство и да го слушнеме нејзиниот глас полн со љубов.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука