август 28, 2024

Вака изгледа еден крал во неговите последни моменти од животот. Сцената ја сними фотографот Larry Pannell, кој ја објави оваа шокантна фотографија во 2018 година.

– Го најдовме како лежи во тревата, исцрпен и не можеше повеќе да се движи. Не бевме оддалечени повеќе од еден метар од него, кога умре под сенката на дрвото. Ја спуштив камерата, се погледнавме, долго затворајќи ги очите, што ми се чинеше како вечност. Само сакав да знае дека нема да умре сам додека се бореше за секој здив.

Тогаш се’ застана и се смири… Кралот беше мртов…

Животот е краток. Моќта е ефемерна. Физичката убавина е краткотрајна. Ја имам видено кај лавовите, но и кај луѓето. Секој што живее доволно долго со тек на времето ќе стане слаб и многу ранлив во одреден момент.

Затоа, да бидеме понизни. Помогнете им на болните, изнемоштените, ранливите и што е најважно никогаш не заборавајте дека еден ден и ние ќе се бориме за последниот здив како кралот лав под големото дрво.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: Larry Pannell

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука