јуни 4, 2024

Струга, 4. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на Горна Белица во недела ќе одржат акција за расчистување на затревените површини низ селото, како и на патниот правец кон селото Вишни.

– Советот на Месната заедница „Горна Белица“, во пресрет на летната сезона организираат акција за расчистување на затревените површини низ селото и на патниот правец од Горна Белица кон селото Вишни. Акција предвидува косење на тревите површини (со тримери) и кастрење на надвиснати гранки (со пили и ножици). Акцијата ќе се одржи во недела, на 9-ти јуни 2024 година, со почеток во 08:00 часот и ве повикуваме да земете учество на истата, порачуваат во соопштението.

Додаваат дека по акцијата, во 15:00 часот во Домот во Горна Белица (Влашка куќа) ќе се одржи Годишно Собрание на МЗ „Горна Белица“.

– На истото ќе се сублимираат активностите во 2023 година и ќе се истакнат плановите за идните активности. По завршувањето на Собраните се предвидува и заеднички ручек во Домот, информира Симе Грданоски, Претседател на Советот на МЗ „Горна Белица“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука