мај 2, 2023

Охрид, 2. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во конкуренција на средните училишта од југозападниот регион, учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид имаа забележителен настап на Првата национална Олимпијада за Вселената кој викендов се одржа во Касарна Хаб во Охрид.

Освоени награди:

Прва награда: Нина Стевоска и Горазд Блажески со темата „Супернова“

Втора награда: Нина Нелоска и Сара Ристеска со изработен стрип во предизвикот „Патување од Земјата до Марс“ – ментор проф. Менка Г ореска

Втора награда: Јована Димоска, Јана Петанова и Теодора Трајческа со темата: „Истражување за BallonSat“ – ментор проф. Јасмина Јанева

Трета награда: Митко Савев и Софија Милеска со темата „Човекот не е единствениот виновник за климатските промени“ – ментор проф. Јасмина Јанева

Трета награда: Кристијан Шишкоски, Ева Китрозоска и Маја Наумоска со темата „Ахил и границите на Универзумот“ – ментори проф. Јасмина Јанева и проф. Марија Сиљаноска

Специјална награда Interstellar Steam Girls Team: Јована Симоноска и Ивана Скоклеска со изработен стрип во предизвикот „Патување од Земјата до Марс“ – ментор проф. Марија Сиљаноска

Со извонредни настапи пред комисијата се претставија и тимовите: Стефани Крстиќ и Леа Дојчиноски, Мелани Котоска, Марија А. Николоска и Николина Бутеска и Ѕвездан Јончевски, Катерина Балева и Петар Јончески под менторство на Дарко Цветкоски кој, за време на презентациите, беше и техничка поддршка на сите тимови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОСУ „Св. Климент Охридски“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука