февруари 1, 2015

Охрид, 1. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Заврши третиот циклус на „046 – За Охрид се зборува“ на OhridPress и Супер радио во кој изминативе два месеци пишуваа Жаклина Лазареска и Катерина Климоска, а требаше да пишува и Тони Симоновски.

На Лазареска и Климоска им благодариме за учеството во проектот, а од за нас непознати причини, и покрај најавите дека „ја прати рубриката“, дека „со задоволство ќе учествува во неа“ и „благодарност за честа“, сепак со ниту едно писание за Охрид не Ве удостои професорот Тони Симоновски. Велиме дека не Ве удостои затоа што рубриката е замислена да отвори нови видици на одредени проблеми, вон стандардните новинарски, или да отвори прашања на кои токму охриѓани заслужуваат да ги знаат одговорите.

Во секој случај дамите „го обелија образот“ во време кога се случуваат едни од најголемите превирања во образованието во Република Македонија и од срце им благодариме за тоа.

„046 – За Охрид се зборува“ останува проект на Супер радио и OhridPress кој има за цел да се сврти вниманието на охридската јавност кон одредени теми. Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата – Супер радио и OhridPress да бидат вистински глас на заедницата и да објават различни мислења, но и начини за подобрување на одредени состојби.

046 4 Zaednicka

Во четвртиот дел од „046 – За Охрид се зборува“, кој ќе трае од почетокот на февруари 2015. година до крајот на март 2015. година, ќе пишуваат и дебатираат адв. Александар Карали, Спаско Костоски од здружението „ЕКУЛТУР“ и интернационалниот водич во планина Антонио Додевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука