септември 1, 2021

Охрид, 1. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска завршува првиот уписен рок во високообразовните установи во Република Македонија.

На охридскиот Факултет за туризам и угостителство може да се запишат 390 нови бруцоши.

Идните академски граѓани може да избираат меѓу студиските програми за туризам, каде има 95 слободни места, осигурување 70, царина и шпедиција 60, за менаџмент во услужен сектор со четири профили предвидени се 55 места, на гастрономија 30, а на хотелско-ресторански менаџмет може да се запишат 40 средношколци.

И оваа академска година ќе бидат активни студиските програми на англиски јазик, на насоките туризам и царина и шпедиција, а ќе може да се запишат по 20 студенти.

Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе се запишат вкупно 195, редовни со кофинансирање од 400 евра – 110, а има место и за 85 вонредни студенти, со партиципација од 400 евра.
Доколку не се попопнат квотите, вториот уписен рок е на 15-ти и 16-ти септември, а третиот на 27-ми септември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука