јуни 10, 2024

Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Наставата од учебната 2023/2024 година, денеска, 10-ти јуни, завршува за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште една недела, односно последен училишен ден за нив понеделник, 17- ти јуни.

Датумите се наведени и во изменетите календари на МОН за организација и работата за оваа учебна година што им се доставени на училиштата.

Учениците од основните и средните училишта од оваа учебна година имаа и пролетен распуст, што го користеа од 29-ти април до 6-ти мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука