Завршува циклусот бесплатни обуки за промоција на вработувањето во туристичкиот сектор

Охрид, 26. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве на Факултетот за туризам и угостителство се реализира бесплатна обука за баристи.

Оваа е последната од циклусот обуки кои месецов се реализираа на нашиот факултет, во организација на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), а во насока на промоција на вработувањето во туристичкиот сектор. Проектот е финансиран од Владата на Германија со средства во висина од 20 000 евра.
Под водство на тренерот Филип Арнаудов, присутните ќе навлезат во светот на кафето, видовите, преработката и сортирањето, печењето и пакувањето. Ќе научат како се подготвува турско кафе, еспресо или капучино, но и коктели од кафе.

Оваа за баристи, како и останатите за готвачи, пекари и бармени завршуваат во вторник, а во среда, на 29-ти ноември ќе им бидат доделени сертификати на оние кои успешно ја завршиле обуката.

Поради големиот интерес за овие тренинзи, од охридскиот Факултет за туризам велат дека ќе се обидат да добијат дополнителни средства од Германското друштво за интернационална соработка и повторно да организираат обуки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top