јануари 24, 2020

Атина, 24. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На товарен брод во Грција запленети се 1,25 тони канабис.

Како што објавија грчките медиуми, бродот пловел од Либан, а бил запленет на грчкото пристаниште Пиреја.

Вкупно 6.340 пакувања канабис биле пронајдени на бродот кој превезувал засладувачи на база на овошје.

Акцијата беше спроведена пред една недела во соработка со американските и саудиските власти, соопшти грчката полиција. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука