февруари 20, 2020

Охрид, 20. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Сака да црта, да слуша поп-музика, да фотографира, да гледа филмови и серии во слободно време, но и вредно учи, а своето знаење го потврдува на многубројни натпревари.

14-годишната Емилија Николовска, ученичка во Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, освои бронзен медал на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки во Доха, Катар. Во силна конкуренција од 409 учесници од 70 држави, таа покажа извонредно знаење и ѝ припадна третото место. Со тоа ја рангира Македонија на 18. место по освоените медали. Ова е голем успех за оваа вредна деветтоодделенка и за нашата земја.

Нејзината професорка по биологија и класна раководителка Зоре Ѓоршеска вели дека таа е гордост на нивното училиште.

Емилија Николовска од ОУ „Григор Прличев“ освои бронзен медал на Олимпијадата по природни науки во Доха

Прочитајте повеќе за неа од интервјуто за порталот Деца.мк. (Крај)

извор: Деца.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука