мај 2, 2023

Охрид, 2. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до 31-ви мај ќе се вршат уписи за првачиња во охридските основни училишта.

Во прво одделение можат да се запишат сите деца родени во 2017 година, а кои до крајот на годинава ќе наполнат шест години, но и деца кои до 31-ви јануари 2024 година ќе наполнат 6 години, но по претходно барање на родител и добиено мислење од стручната служба во училиштето.

Од документи родителите/старателите треба да обезбедат извод од матичната книга на родените, државјанство за ученикот доколку е роден во странство, лична карат од родител/старател, медицинска потврда за примени вакцини, како и потврда за извршен офталмолошки и стоматолошки преглед, што ќе се врши исклучиво во просториите на детска и превентивна стоматологија со закажување термин на телефон 078/384-557. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука