мај 7, 2023

Охрид, 7. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Започна повикот за пријавување за обуките за млади организирана од страна на Факултетското студентско собрание при Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид и Граѓанското здружение „Инклузија“.

– Ова е наша втора година како што соработуваме со Граѓанското здружение Инклузија. Минатата година успешно организиравме Обуки за млади менаџери, оваа година се насочуваме на меѓучовечките вештини коишто се од големо значење за еден млад човек. Преку обуките младите ќе се стекнат со ново знаење, животни вештини, неформално образование и позитивни вредности коишто ќе им помогнат да се надоградат како личност која што во иднина ќе биде дел од бизнис секторот, изјави Фани Милошева, Претседателка на Факултетското студентско собрание при ФТУ Охрид.

Учесниците кои ќе присуствуваат на обуките, ќе се здобијат со сертификати. Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 10-ти мај 2023 година на следниот линк, или на e-mail адресата ftu.students@uklo.edu.mk.

– Пријавените дополнително ќе бидат известени за термините за останатите обуки, информираат од ФТУ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука