јуни 1, 2023

Охрид, 1. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Започна постапката за донесување на Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата, соопштија од министерството за животна средина и просторно планирање.

– Донесувањето на Законот произлезе од потребата Охридското Езеро повторно да се прогласи за заштитено подрачје во категоријата „Споменик на природата“ – категорија III, согласно Законот за заштита на природата на Република Македонија како и поради своите уникатни светски природни и културни вредности како и геоморфолошките и хидролошките карактеристики, информираат од министерството.

Ден на Охридско Езеро

Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата наскоро ќе биде објавен на порталот на www.ener.gov.mk, а за датумот на одржување на јавната расправа, јавноста ќе биде навремено информирана. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука