јануари 8, 2017

Струга, 8. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Кошаркарскиот клуб „Про Баскет“ од Кавадарци, во хотелот „Солферино“ во Струга, од денес до 12-ти јануари ќе се одржи ‎зимски кошаркарски камп „СоЛфЕрИнО 2017“, наменет за деца од цела Македонија.

Кампот ќе се тренира два пати во текот на еден ден. Тренинзите ќе се одржуваат во опремена спортска сала со современа опрема прилагодена за деца на возраст од 6-16 години.

– Ќе се работи со специфична современа опрема која вклучува моторички и координациски вежби. Тренинзите ќе се одвиваат според професионална програма и вежби изготвени посебно за секоја возраст. Децата ќе тренираат во групи за да им се посвети повеќе внимание, да ја подобрат и усовршат својата индивидуална игра, да се отстранат негативните навики и да се подобрат нивните технички способности, велат од Кошаркарскиот Клуб „Про Баскет“.

За време на кампот со децата кои тренираат кошарка ќе се работи на тимската комбинаторика и тимската игра. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука