јануари 14, 2017

Либревил, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со натпреварот помеѓу домаќинот Габон и Гвинеја Бисао, денеска ќе започне 31-то издание на Африканскиот куп на нациите, кој ќе трае до 5.февруари.

Турнирот првично требаше да се игра во Либија, но од безбедносни причини е префрлен во Габон, кој во 2012 година беше организатор на завршниот турнир заедно со Екваторијална Гвинеја.

Титулата на Африканскиот куп,ќе ја брани репрезентацијата на Брегот на Слонова коска.

Група А: Габон, Буркина Фасо, Камерун, Гвинеја Бисау
Група Б: Алжир, Тунис, Сенегал, Зимбабве
Група Ц: Брег на Слонова коска, ДР Конго, Мароко, Того
Група Д: Гана, Мали, Египет, Уганда. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука