март 14, 2022

Скопје, 14. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – И натаму продолжува да се намалува бројот на нови случаи со COVID-19, како и на активните случаи.

Моментално на државно ниво има 2.091 активен случај, од кои најмногу во Скопје, 1.094. Во останатите градови бројот на лица кај кои болеста е во тек е под 150. Во Охрид има 50 активни случаи, а во Дојран и Пехчево нема воопшто нема.

И покрај позитивниот тренд, надлежните засега не планираат укинување или ново олеснување на рестриктивните мерки. Министерот за здравство Беким Сали викендот изјави дека сè уште не е време за укинување на мерките бидејќи во земјите каде што тоа е направено имало повторно зголемување на бројот на заразени.

– Ние како Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани. Според новата методологија која се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците, еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кои се хоспитализираат. Според таа состојба, ние се уште не сме подготвени за намалување на мерките, рече министерот, додавајќи дека дел од ковид – центрите во државата се затворени и нема потреба од дополнителни кревети.

Изминативе две години колку што трае пандемијата со COVID-19 во Македонија се евидентирани вкупно 301.491 случаи, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146. (Крај)

Од почетокот на пандемијата, бројот на ковид-позитивни во земјава изнесува 301 491, на оздравени е 290 254, а починаа 9 146 лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.922.182 тестирања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука