Охрид, 30. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јануари 2023 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.
– За време на контролите полициските службеници затекнале и санкционирале 80 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид 18, Струга 48, Кичево 5 и Дебар 9), информираат од МВР.
Додаваат дека засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. (Крај)
извор: МВР фото: архива