мај 2, 2024

Охрид, 2. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – За претстојните парламентарни избори во Охрид за гласање се пријавиле 67 болни и изнемоштени лица, информираат за Супер радио и OhridPress од Општинската изборна комисија (ОИК Охрид).

Рокот за пријавување истече на 30-ти април на полноќ и оваа бројка е плус од оние 172 лица што беа пријавени за првиот круг од претседателските избори.

Овие граѓани своето гласачко право во домашни услови ќе го остварат во вторник, 7-ми мај.

За овој изборен циклус променети се локациите на 8 избирачки места на територијата на Општина Охрид:

– ИМ 1271, од МЗ „Билјанини избори“, улица „Мирче Ацев“ број 31, префрлено е во ЈЗУ Општа болница (Модуларна), на улица „Сирма војвода“ број 1.

– ИМ 1260, од приватен објект на улица „Даме Груев“ е префрлено во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид (Гимназија).

– ИМ 1297, од хотел „Бетон“ е префрлено во Основното училиште во селото Долно Коњско.

– ИМ 1281 и 1281/1, се префрлени од приватен објект во населбата „Видобишта“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, на улица „Живко Чинго“ број 1.

– ИМ 1283 и 1283/1, се префрлени од приватен објект на улицата „Момчило Јорданоски“ во ОУ „Христо Узунов“, на улица „Питу Гули“ број 128.

– ИМ 1267, е префрлено од МЗ „Железничка“ во приватен објект на улица „Железничка“ број 104 А.

Кандидатите за претседател на државата, партиите и коалициите имаат уште пет дена за претставување на своите програми и политички понуди пред граѓаните, во пресрет на двојните избори на 8-ми мај.

Кампањата за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука