мај 27, 2021

Париз, 27. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Францускиот историчар на уметност Лоран де Кар, позната по унапредувањето на социјалните проблеми преку уметноста, ќе биде шеф на Лувр и прва жена во историјата на чело на најголемиот музеј во светот во повеќе од два века од неговото постоење.

Де Кар во моментов го води музејот Орсеј, познат париски музеј посветен на уметноста од 19 век, каде што исто така е и првата жена на чело на музејот.

Нејзиното наследство вклучува зголемување на бројот на млади посетители и обезбедување поголем физички простор за уметноста и посетителите.

Во нејзините први четири години во Орсеј, 54-годишната историчарка на уметност ги искажа своите ставови за некои контроверзни теми, вклучително и враќањето кај сопствениците на уметничките дела украдени од нацистите.

– Големиот музеј треба да се соочи со историјата, вклучително и да се осврне на историјата на нашите сопствени институции – рече таа во едно интервју во април.

Де Кар е меѓу ретките жени кои управувале со француски музеи.
– Ова се должи на фактот дека официјалните институции не се доволно отворени за жените или дека не им веруваат доволно – рече Де Кар во интервју за „Њујорк Тајмс“ во 2018 година.

Visit | Hours & admission

– И тука е прашањето за само цензура, жените сметаат дека не се доволно добри за таков вид работа – додаде таа.

– Жените треба да ја надминат самодовербата и да си речат: Јас сум способна за ова, тоа доаѓа во вистинскиот момент во мојата кариера и во мојот живот, подготвена сум – вели Де Кар.

Тоа беше клучно за одлуката на француската влада да ја врати сликата на Орсеј од Густав Климт – „Рози“ на наследниците на сопственикот на тоа дело, Нора Стијасни. Нацистите и ја украле сликата во Виена во 1938 година.

Де Кар, кој потекнува од семејство на писатели и новинари, ќе го наследи во септември Жан-Лук Мартинез во септември, сегашениот шеф на Лувр, за кого се смета дека музејот го направи подостапен и помалку елитистички.

Тој беше награден со рекорден број посетители, над 10 милиони од нив во 2019 година, пред ограничувањата во пандемијата да го намалат бројот на посети.

Лувр, најпознат како дом на „Мона Лиза“, е најголемиот музеј на уметност во светот.

Отворен е во 1793 година, кратко по Француската револуција, а денес има стотици илјади уметнички дела, но помалку од 10 проценти од нив се во постојан приказ. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука