мај 11, 2023

Охрид, 11. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – За три месеци, 170 ученици од основните училишта од Охрид, Струга и Дебрца ги завршија почетните бесплатни курсеви за различни програмски јазици Scratch, Python, C++, и за WordPress и Microsoft Word.

– Голема благодарност до „Македонија 2025“ што ни беа партнери и ги овозможија обуките. И посебно им се заблагодаруваме на наставничките Горица Дуцкиновиќ, Лизана Зиба и Марија Пупиноска Гогова што се посветија на обуките и сите деца останаа до крај на обуките, потенцираат од Касарна Хаб.

Додаваат дека нивната визија е овие обуки да продолжат и понатаму, од септември оваа година.

Обуките започнаа на 13-ти февруари 2023 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука