јануари 26, 2015

Лондон, 26. јануари 2015  (ОХРИДПРЕС) – Најдолгата скара во светот, која истовремено може да испече четири тони месо, се продава на онлајн аукција за 350.000 долари.

Огромната скара, која се транспортира само со камион, е долга 23 метри и тежи 40 тони. Таа има 24 одделни скари, и е опремена со фрижидер, посебен оддел за служење пиво, телевизор и стерео уред за музика.

Нејзини сопственици се Тери и Ким Фолсом од Тексас кои редовно ги посетуваа сите собири на скараџиите. Сопружниците сега очигледно решиле да го продадат на други ова нивно „задоволство“. Тие го нудат и камионот заедно со скарата за дополнителни 50.000 долари. (Крај)

извор: АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука