февруари 23, 2022

Охрид, 23. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Откако нивото на Охридското Езеро десетина дена беше непроменето, денес се бележи благо зголемување.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,39 м.н.в, што е за 10 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 29 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 7,5 степени, за степен повисока од просекот.

Водостојот иако полека се враќа во нормала, сепак сé уште е далеку од месечниот просек. Деновиве може да се забележи дека скоро и да го нема сувиот дел на почетокот на мостот пред поранешниот хотел „Палас“.

Нема опис за фотографијата.

Во Охрид денес променливо облачно време со повеќе сончеви периоди попладне. Уште од изутрина ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.

– Денес и утре ќе дува засилен северен ветер (повремено со над 60км/ч). Утринските температури ќе бидат се пониски, а најстудено ќе е во петок наутро. Нови врнежи се очекува да започнат во текот на викендот кога ќе дува јужен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука