Охрид, 1. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со вечерашното осветлување на општинската зграда во боите на ретките болести, Општина Охрид се вклучува во националната кампања „Ги запознавме ретките болести 2022“.
Во боите на „ретките“ вечерва светнаа и општинските згради во Струга и Дебрца и Самоиловата тврдина која што ќе биде освтлена цел месец.
– Со тоа се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Секој може да учествува во Глобалниот синџир на светла и да ги сподели боите на ретките болести, потенцираат од Општина Охрид.
Во обид за глобална солидарност, на Светскиот ден на ретките болести, 28-ми февруари во 19:00 часот по локално време секој човек може да го декорира својот дом со боите на ретките болести. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид