април 28, 2017

Охрид, 28. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 18 мај во Охрид е најавено доаѓањето на претседателот на Здружението на истражувачи на блатни системи на Европа, Јошка Ковен.

Целта на оваа посета е да ја согледа состојбата со Студенчишкото блато, кое и покрај најавите за измени во урбанистичкиот план, сепак, останува строго заштитена зона.

Потребно е да се изврши одредена ревизија на студијата која беше усвоена од Советот на Општина Охрид во 2012 година, дека целата површина од 70-на хектари останува како блатна површина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука