Зидан одлучи: Роналдо е во комбинација за настап на Супер Купот во Скопје

Мадрид, 7. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ќе биде дел од спектаклот и УЕФА Супер Купот кој утре е на програмата на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Тренерот Зинедин Зидан го вметна Португалецот во финалниот список за дуелот со Манчестер Јунајтед иако по одморот комплетираше само две тренинг сесии со групата, ама е во добра физичка кондиција благодарение на неговата работа за време на летниот период.

Сепак големо прашање е дали Кристијано ќе заигра на дуелот во Скопје зошто по се изгледа планот на Зизу е тој да биде дел од екипата, но своето деби во новата сезона да го има на мечот со Барселона во шпанскиот Супер Куп. (Крај)

извор: Дерби.мк фото: архива

scroll to top