февруари 20, 2015

Њујорк, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во раните вечерни часови, човечкото тело има највисока телесна температура.

Тоа е околу 19 и 20 часот. Овој ударен термин на ескалација на телесната температура, треба да се избегнува како термин за вечера, советуват американските медицинари и научници. Тие ги советуваат луѓето да се вратат на старата традиција, која ја имале сите светски народи се’ до почетокот на 20-от век – што и да се прави, вечерата да биде во 18 часот. Со модерните текови, луѓето почнале да ја напуштат оваа традиција и да вечераат и подоцна, но тоа е погрешно.

Колку подоцна се вечера, толку повеќе тегови има организмот. Биолошкиот часовник кај секој организам, отприлика отчукува исто. Во подоцните вечерни часови, околу 22 и 23 часот, кај секој организам се намалува цревната перисталтика. Затоа не залудно се вели дека во вечерните часови не треба да се внесуваат големи количина на тешка несварлива храна.

Наутро од 08 до 08:30 часот, се јавува цревната перисталтика. Ова е идеален термин за првиот пообилен појадок, кој може да се одложи најмногу до 9 часот, но не и подоцна. (Крај)

извор: scientificaly фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука