март 2, 2018

Белград, 2. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Предизборниот молк во пресрет на локалните избори во Белград, Аранѓеловац, Бор и Севојно, започна на полноќ и ќе трае до 4-ти март во 20 часот, односно до затворањето на избирачките места, пренесуваат медимите во земјата.

На изборите во Белград граѓаните не избираат градоначалник, туку само гласаат за листите на партиите или за коалициите, а градоначалникот се избира во Собранието на градот Белград. Повеќето коалиции и партии пред изборите ги најавуваат своите кандидати за градоначалник доколку освојат доволен број одборници за негов избор.

Право на глас имаат 1.606.693 избирачи, кои може да гласаат на 1.185 избирачки места.

Резултатите од изборите треба да бидат објавени во рок од 24 часа од затворањето на избирачките места. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука