мај 24, 2024

Охрид, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на свечената програма за одбележување на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, синоќа во УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржаа два културни настани организирани од страна на Општина Охрид и Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија.

Беше отворена изложбата на фотографии „По трагите на Свети Кирил и Методиј“ и беше прикажан документарниот филм „Тајниот код на Константин“.

На настаните во името на Локалната самоуправа присуствуваше заменик градоначалникот Перчо Божиновски и советници од Советот на Општина Охрид.

Проекцијата на филмот ја проследија и Словачкиот амбасадор во Република Македонија, Хенрик Маркуш, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, високи претставници на Македoнската Православна црква – Охридска Архепископија, пратеници, функционери, професори и граѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука