август 26, 2024

Скопје/Охрид, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 19-ти до 25-ти август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела.

– Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, стои во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во тековната недела, регистрирани биле заболени лица во 18 градови. Најголем дел од регистрираните случаи биле од Скопје – 99, Кавадарци – 23, Охрид – 20, Тетово – 18, Битола – 17. Највисока инциденца била регистрирана во Кавадарци.

– Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица. Пријавени се две починати лица асоцирани со ковид-19. Се работи за лица на возраст од 48-88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови, а во однос на вакциналниот статус, едното лице е невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против Covid-19, информираат од ИЈЗ.

Заклучно со 25-ти август, пријавени се вкупно 351.577 случаи на коронавирус.

– Регистрирани се 167.436 машки и 184.141 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години – 90.884, додека највисок морбидитет (26.341,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, се додава во извештајот.

Првиот случај беше регистриран на 26-ти февруари 2020 година. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука