септември 4, 2019

Подгорица, 4. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Членството на Црна Гора во НАТО значително го зголеми приливот на странски инвестиции во таа земја, а речиси половина од оние што пристигнаа во 2018 година беа од државите членки на Алијансата, изјави денеска Милош Јовановиќ, директор на Агенцијата за промоција на странски инвестиции.

– Приливот на странски инвестиции се зголеми за околу 30 проценти за 2018 година во однос на 2017 година, додека приливот на странски директни инвестиции од земјите членки на НАТО се зголеми за дури 64 отсто, што претставува голем пораст во однос на 2017 година – Јовановиќ посочи, пренесува порталот ЦдМ. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука