мај 2, 2017

Струга, 2. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес попладне во 17 часот во просториите на Американско катче Струга ќе се одржи инфо сесија за запознавање на учесниците на годинешниот „GLOW’’ камп за жени-лидери.

На кампот ќе се обучуваат идните жени-лидери во Македонија. Кампот е помогнат од волонтерите на Мировен Корпус, а финансиски е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

Секоја година на овој камп се промовираат вредностите како пријателство и волотеризам преку неформално образование. Темите кои се обработуваат на кампот вклучуваат женски студии, женско здравје, уметност, лидерство, екологија, граѓанско општество и многу интерактивни игри.

На денешната презентација во Струга ќе бидат кажани сите детали за овој настан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука