февруари 9, 2017

Охрид, 9. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – 42-годишниот С.Р. од кичевското село Стрелци, настрада вчера, околу 12:30 часот во населбата Рача во Охрид, кога при работа паднал од бандера.

При падот, тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Охрид.

– Поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје, но набргу по пристигнување во Кичево починал. С.Р. бил вработен во фирма подизведувач за потребите на ЕВН, и во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел по што Р.С. и бандерата паднале на земја, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, денес над телото на починатиот ќе се врши обдукција. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука