февруари 23, 2015

Најроби, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Исламистичката група „Ал Сабаб“ се заканува дека ќе предизвика бомбашки напади во САД, Канада и Велика Британија.

Терористите раширија видео во кое велат дека ќе нападнат во центри во Блумингтаун (САД), Едмонт (Канада) и Лонгон (Велика Британија).

Спотот, кој трае 6 минути, ги претставува џихадистите како ги поздравуваат бомбашките напади во центарот во Најроби, Кенија од 2013 година Тогаш во нападот загинаа над 60 лица.

Во видеото водачот на џихадистите носи маскирна јакна и црно-бела маска. Тој зборува со британски акцент, но се претпоставува дека е Сомалиец. Тој ги обвинува кениските воени сили во Сомалија во злосторства против исламистичките групи.

Од полицијата во САД соопштија дека ќе го зголемат бројот на патролите во трговските центри. (Крај)

извор: Foxnews фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука